Македонија

(Фото) Обележјето со македонско знаме и кириличното писмо во Гостивар пак вандализирани со написи „Албанија“, „Илирида“

Срцето од буквите ,,Гостивар“ е повторно вандализирано. На него повторно има написи „Албанија“, „Илирида“ и навредливи зборови. Ова обележје е поставено на кејот во Гостивар. Пречкртани се и буквите.

Срцето на натписот Гостивар беше саниран со нацртано македонско знаме и букви од кирилицата и глаголицата по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

На почеток