Македонија

Смрдеата низ станиците за кислород на Клинички присутна: не се знае која е причината, необјасниво е што се случува

Министерот за здравство, Илир Демири, кажа дека 8-9 дена има проблем со кислород станиците во Клиничкиот центар кои се користат при оперирање на пациенти. Не знаат од каде доаѓа проблемот. Присутна е миризба, а за Демири е необјасниво што се случува и која е причината за проблемот. Тој јавил и во Обвинителството да проверат за што станува збор.

„Некаде пред 30 години се градени, точно 30 години е компресорската станица. Пред месец дена имаше хаварија во компресорската станица кога се расипа еден од компресорите и доведе до влегување на улје во тие цевки, па тој компресор е изваден од финкција, Клиниката функционираше со два компресори, имаше технички преглед од независни фирми. Хибербарната комора ја извадивме од функција. Побарав од менаџерите да поднесат барање за сервисирање на компресорите“, рече министерот и додаде:

„Пред 8-9 дена имаше исти проблем, без да има хаварија во системот, едноставно има лоша миризба во дистрибутивната мрежа на кислород. Ги повикавме независните фирми, спроведоа испитување, а во Северна Македонија нема лиценцирана компанија за лиценцирање за квалитетот на испорачување на гласови. Побаравме странска компанија и испратени се мостри во Германија. Од двете компании не нашле никаков недостаток во квалитетот на гасови, освен што има зголемена влага. Препорачаа промена на филтри во компресорските станици“.

Според Димири, ќе се користат надворешни компресори се додека не се најде конкретно решение за постоечките кои ги има Клинички.

На почеток