Македонија

Разрешен Шокаровски од директорската фотелја на Кардиохирургија: Пациенти прегледувани без да ги има во систем, лоши меѓучовечки односи меѓу песоналот

Разрешен медицинскиот директор од Клиниката за кардиохирургија, Марјан Шокаровски. Министерот за здравство, Илир Демири, кажа дека преку ред биле пуштани лица во Клиниката, а не биле внесувани во системите. Според него, таму и натаму има нарушени меѓучовечки односи.

„170 лица не биле внесени во Мој термин. Денеска одлучив да го суспендирам медицинскиот директор Шукаровски. Крајно нарушените меѓучовечки односи е втората причина за ваквата одлука. Бидејќи сум министер во заминување сакав ова да го одложам, за наредниот министер.. Таму треба директор да биде експерт од надвор“, рече Демири.

Д-р Шокаровски е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар- Загреб, Хрватска со повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блок, ангажиран е и како асистент на Медицински факултет-Скопје. Тој е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап. Исто така се едуцирал во повеќе земји, како Германија, Австрија, Англија, Франција, Бугарија, Србија и присустувал на голем број меѓународни конгреси, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Доктор Шокаровски дојде на местото на кардиохирургот Јовев.

На почеток