Доктори што отидоа по приватни болници, сега сакаат да се вратат во јавното здравство, рече Таравари
Од
Објавено на
Доктори кои „избегале“ од јавното здравство, бараат да се вратат на државните клиники. Ова го соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари. Според него, станува збор за искусен кадар со над 10 години искуство.
„Доктори од приватното здравство, сакат да се вратат во јавно здравство. Ние ќе бараме решение како специјалистите да ги вратиме. Ова нѐ прави горди, гледаме дека има интерес од докторите од приватно здравство да се вратат во јавно здравство“, рече Таравари.
Заложбата на здравствениот систем е да го стопира одливот на квалитетен кадар.