Врховен суд треба да донесе одлука со која ќе го затвори случајот за екстрадицијата на Рамадани, оти не е во државава, вели Туфегџиќ
Безпредметно би било одлучувањето на Врховниот суд, за ексдрадицијата на Блерим Рамадани. Ова го смета адвокатот и екссдуија, Владимир Туфегџиќ. Тој посочува дека случајот треба да се затвори, а не да се одобрува или одбива барањето за екстрадиција поднесено од Србија.
„Читајќи ги коментарите и дилемите како ќе одлучи врховниот суд по однос на прашањето за екстрадицијата на Блерим Рамадани, според моето мислење врховниот суд треба да прибави официјален доказ дека лицето не се наоѓа на територијата на државата и да донесе одлука со која барањето се одбива како беспредметно, затворен случај“, вели Туфегџиќ.
Највисокиот суд во државава, може да ја запре постапката, со оглед дека Рамадани, ексвојник на ОВК е надвор од нашите граници и Македонија при позитивна одлука нема кого да екстрадира.
Сепак, неофицијално се зборува дека одлука на Врховен ќе има, а ќе биде во корист на Рамадани, а која може да послужи за судијата Пајазит Пајазити да ги правда неговите постапки кои се според судска пракса, но не и според закон.