Македонија

„Многу сум загрижен за нефунцкионирањето“ – кислородната мрежа на Клинички ќе се проверува дел по дел

Дел по дел треба да се испитува кислородната мрежа во Клиничкиот центар, за да се утврди од каде доаѓа смрдеата која стига до салите за операција. Ова го кажа министерот за здравство, Илир Демири. Тој кажа дека е многу загрижен и бидејќи нема бекап.

„Огромна мрежа е, треба да се испита дел по дел. Јас сум многу загрижен за нефункционирањето. Иако тешките случаи ќе се интервенираат, со помош на надворешните компресорски единици ставени во КАРИЛ. Јас не сум министер четири години туку два месеци, го правам максимумот за да го решам проблемот. Ги имам сите ресурси ангажирано, и дадов налог без разлика на цената да се реставрира целата компресорска станица“, рече Демири.

Тој кажа дека би ги разрешил сите директори на Клинички центар, а имаше и забелешка на бројот на директори.

На почеток