Македонија

(Видео) Новинарите добија нов колега-министерот за здравство наместо одговори имаше прашања

Илир Демири, министерот за здравство, по една недела молк излезе на прес конференција за да каже зошто се затворени хируршките сали во Клинички центар.

Не лоцирајќи конкретна одговорност, Демири ја откри професијата која најмногу му лежи.

Наместо да одговара на новинарски прашања за колапсот и хаосот, тој се обиде да им го земе лебот на новинарите. И тој, иако е предложен од политичка партија за министер, не ја научил основната лекција дека треба да одговараат на прашања кои се од интерес за јавноста, а не да се расправа и да им поставува прашања на новинарите?

Па, на секое нивно прашање имаше контра-прашање.

Не му беше јасно и побара одговор зошто би ја сменил економската директорка, Бесија Иљази која не знае македонски јазик, не е редовна на работа и против која протестираа лекарите од оваа Клиника.

„Зошто да ја разрешам? Сте се фатиле околу Бесија. Таа не ги вработила тие 18 лица, туку се вработени во 2023. Каде бевте вие и останатите директори и министрите да кажувате за квалитет и неквалитет? Зошто дозволувате тие луѓе да се на список на дежурства и смени, а месец дена пред изборите, реагирате зошто се вработени”, ги праша министерот новинарите.

Од нив бараше одговори до каде е изградбата на Клинички центар, болницата Штип, модуларните болници.

Ги подучи новинарите:

„Драги мои новинари, бидете коректни, не се занимавајте со цевки во парното, занимавајте се со суштински работи. Не се занимавајте со луѓето кои се оставени без леб, туку кој ги остави без леб. Спротивно поставете ги прашањата”.

Се налути и зошто податоците од ДСЗИ ги добиваат новинарите пред министерот.

На почеток