Спорт

Принудно слетување на македонските одбојкари, гром удрил во авионот со кој патувале

Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска се соочила со непријатна ситуација, бидејќи при летот од Цирих кон Скопје во авионот удрил гром, објави Екипа.

Поради ова, пилотот решил веднаш да се врати назад во Цирих каде принудно слетал. Нашите одбојкари се сместени во хотел и утре наутро со нов лет ќе тргнат кон Скопје.

„Навистина неверојатна ситуација, додека летавме со авионот удри гром во него и пилотот реши да се врати во Цирих. Не беше пријатно кога слушнавме што се случи, видовме силна светлина во непосредна близина“, вели за ЕКИПА капитенот Никола Ѓоргиев.

На почеток