Свет

Украинците изгубија уште две села: Руската армија ја презеде контролата

Руската армија презеде контрола врз уште две места – над Нетајлов во самопрогласената Доњецка народна република и Ивановка во областа Харков, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Што се однесува до руските офанзивни акции во регионот Харков, како што претходно изјави рускиот претседател Владимир Путин, армијата дејствува во оваа насока „за да ги заштити пограничните области и нејзините граѓани од постојани напади од украинска страна“, пренесе денеска Раша.

„Украинците пукаат точно во центарот на градот, во станбените области на Белгород, а јас реков дека ако вака продолжи, ќе бидеме принудени да создадеме безбедносна зона. Токму тоа го правиме“, рече Путин.

Руските системи за противвоздушна одбрана соборија шест наведувани бомби „Хамер“ од француско производство, 14 гранати „ХИМАРС“ и „Ољха“ и 44 украински беспилотни летала, се наведува во соопштението на Министерството за состојбата на фронтот во претходните 24 часа.

На почеток