Македонија

Намален бројот на дипломирани студенти минатата година во однос на 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика добиени од пристигнатите извештаи, во 2023 година, дипломирале 7 422 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, што е намалување за 0.81 % во споредба со 2022 година.

Од вкупниот број дипломирани студенти 6 043, односно 81.4 % се редовни а 1 379, односно 18.6 % се вонредни студенти. 64.8 % се дипломирани студентки.

Триесет и седум проценти дипломирале во рокот, а 63 проценти по рокот.

На почеток