Македонија

УКИМ рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот

На листата на најдобрите 2000 универзитети во Светот според Центарот за рангирање на светски универзитети CWUR, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ остана на 1990-то место.

Во оваа година биле рангирани 20.996 универзитети, а од сите тие се најдоа најдобрите 2000.

УКИМ е единствениот македонски универзитет кој се најде на ова рангирање, и се најде на „опашката“. Во споредба со минатите години, се бележи пад од 26 места за разлика од 2022 година. Од 2021 година падот е за 46 места, или за пет години УКИМ на оваа листа паднал за дури 174 места. 

На почеток