Македонија

(Видео) Кои се плановите со Груевски?

Никола Груевски има работа со судовите во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ не може да направи ништо во тој дел, вели Трајко Славески, член на Извршниот комитет на партијата во подкастот „Претрес со Ландов“. Тој посочува дека Груевски ако не избегал, ќе расчистел со дел од предметите во кој е обвинет.

„Никакви планови нема со Груевски. Тој не е прашање сега. Никола Груевски има работа со Република Македонија, со судовите и слично. Да беше тука најверојатно досега ќе беше нешто расчистено од она што му се товари. Дали на слобода, дали на издржување на казна“, рече Славески.

Тој додаде: „Така што партијата ВМРО-ДПМНЕ не може да направи тука ништо, тоа е работа на судовите и негов личен избор“.

Славески одговараше и на други прашања поврзани со актуелни теми, политичари, неистомисленици:

На почеток