Македонија

Потписи од 75 пратеници за предлогот Африм Гаши да биде избран за претседател на Собранието

Африм Гаши, досегашниот претседател на Алтернатива е единствениот кандидат за собраниски спикер.

Тој е подржан од 75 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ.

Пратениците од коалицијата ,, Европски фронт“, предводена од ДУИ ја напуштија собраниската сала.

Борислав Крмов од Левица жестоко се спротивстави на предлогот Африм Гаши да биде нов претседател на Собранието тврдејќи дека во изминатите четири години не зел збор ниту еднаш.Според него Гаши ќе биде полош како спикер на Собранието и од Талат Џафери, бидејќи не ни знае во што се впушта.

,,Колку пратеници ви требаат ако 61 не ви се доволни за да ја земете најважната позиција во државата”, ги праша Крмов ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток