Македонија

Дали и Тимчо Муцунски си оди од градоначалничката функција

Градоначалникот на скопската општина Аеродром, Тимчо Муцунски, се споменува како сериозен кандидат за во Извршната власт.

Доколку биде дел од Владата му престанува градоначалничката функција.

Според Законот, бидејќи има повеќе од 6 месеци до локалните избори, Владата мора да распише предвремени избори и за оваа општина.

Предвремени локални избори се можни и во Гостивар доколку според преговорите Арбен Таравари стане нов министер за здравство.

До изборите, доколку Муцунски и Таравари станат министри, функцијата ќе ја вршат ВД градоначалници, но таа може да се извршува најмногу два пати по шест месеци.

Редовните локални избори треба да се одржат во октомври 2025 година.

На почеток