Некатегоризирани

Макрон: Франција е подготвена да ја признае Палестина во корисен момент, а не поради емоции

Францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата посета на Германија најави дека признавањето на палестинската држава не е „табу тема“, но дека тоа мора да дојде во корисен момент, а не под влијание на емоции.

„Нема табу за Франција и јас сум целосно подготвен да ја признаам палестинската држава, но верувам дека ова признавање мора да дојде во корисно време. Нема да правам признание под емоции“, рече тој на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесе Фигаро.

Можното признавање на палестинска држава во вторникот предизвика немири во Националното собрание на Франција, каде пратеник од Франција Непокорен беше протеран откако вееше палестинско знаме. Претседателката на Собранието Жаел Браун-Пиве го осуди „неприфатливото“ однесување на пратеникот Себастијан Делогу и ја прекина седницата.

Државата Палестина досега ја признаа 145 од вкупно 193 земји-членки на ОН, покажуваат податоците на палестинските власти. Ирска, Шпанија и Норвешка во вторникот објавија дека официјално ја признале независна Палестина.

На почеток