Некатегоризирани

Скопјанец тешко повреден од струен удар, однесен во Градска болница

На 27.05.2024 во 11.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека, при извршување работни задачи за приватна фирма во трафостаница на подрачје на Гази Баба, С.М.(56) од Скопје се здобил со струен удар и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил известен трудов инспектор, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

На почеток