Кривична против двајца, криумчареле мигранти од Кина и Индија
Од
Објавено на
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против 20-годишниот А.И. од село Огњанци, скопско и против 17 – годишник од село Палатица, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.
На 05.01.2025 на автопатот Табановце – Куманово, пријавените во патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки превезувале три лица мигранти, од кои две од Кина и едно од Индија.