Свет

Голем пожар во индустриска зграда во Москва: Горат 4.000 метри квадратни, во гаснењето на пожарот учествуваат и хеликоптери

(Видео) Пожарот во Албанија излезе од контрола, на помош повикана  и војската

Голем пожар избувна во текот на ноќта во производствен и складишен капацитет во источна Москва, соопштија руските власти.

„Во моментов површината на пожарот е 4.000 квадратни метри“, изјавија за ТАСС од противпожарната служба.

Над 120 пожарникари и околу 40 противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Два хеликоптери се вклучени во гаснењето на голем пожар на истокот на Москва, веќе се фрлени 200 тони вода, соопшти за РИА Новости прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.

Претходно руското Министерство соопшти дека пожарот што избувна во производствената и магацинската зграда се прошири на површина од 2.000 метри квадратни.

Според претходните извештаи, покривот на зградите делумно се урнал.

Московското обвинителство соопшти дека во моментов се утврдуваат околностите за инцидентот.

На почеток