Свет

Украинците со беспилотни летала на Крим, Русите со ракети кон Харков: Во рускиот напад има повредени, оштетен е и гасоводот

Најмалку четири лица се повредени, а причинета е материјална штета кога руските сили во текот на ноќта нападнаа инфраструктурни објекти во градот Харков и регионот Харков во Украина, соопштија украинските власти.

Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, на Телеграм објави дека најмалку четири лица се повредени, дека гасоводот е оштетен и дека се скршени многу прозорци, пренесува Ројтерс.

„Имаше напад на виталната инфраструктура на една од областите на градот. Информациите за жртвите се уште се утврдуваат“, напиша градоначалникот на Харков.

Регионалниот гувернер Олех Синехубов рече дека осум проектили биле истрелани кон градот.

Според Синехубов, руските сили извршиле најмалку пет напади во областа Харков, пренесува Униан.

По овој напад, предупредувањето за воздушна закана остана на сила низ цела Украина.

Во текот на ноќта, руската воздушна одбрана собори осум ракети АТАКМС над Крим и осум украински беспилотни летала над Црното Море во близина на тој полуостров, а пресретна и два дронови на украинската морнарица во близина на Крим, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека руските сили за воздушна одбрана собориле осум тактички ракети АТАКМС над Азовското Море, пренесе ТАСС.

Олег Крјучков, советник на лидерот на Крим, утринава изјави дека два ферибота и една железница биле оштетени од руската противвоздушна одбрана во пристанишниот град Керч на тој полуостров и дека нема повредени морнари или цивили, пренесе Интерфакс.

Крјучков на Телеграм напиша дека по проценката на штетата траектите ќе продолжат со работа.

На почеток