Медиасет

(Видео) Ѓоковиќ доби бакнежи од стар ривал среде емисија

Ѓоковиќ пред Ферстапен во изборот за најдобра европски спортист

Новак Ѓоковиќ во четврток го продолжува походот за одбрана на титулата на Ролан Гарос, каде од 15.00 часот во мечот од второто коло ќе го пречека стариот познаник Роберто Карбалес Баена.

Српскиот ас веќе двапати го победи Шпанецот на Грен слем турнирите, но за првпат ќе одигра меч на земја и Баена ќе има можност да пружи многу поголем отпор.

По победата во првото коло над Французинот Пјер-Иже Хербер, Ѓоковиќ беше дел од интересна сцена.

Тој правеше интервју за Амазон Прајм, а разговорот го водеше неговиот стар ривал Жо-Вилфред Цонга, тенисер кој засекогаш ќе остане голем дел од кариерата на Новак бидејќи го победи на патот кон освојувањето на првата Грен слем титула.

Двајцата срдечно се поздравија, а видовме и хит сцена кога Цонга му испрати бакнежи Ѓоковиќ како поздрав.

Новак одговори со голема насмевка на воодушевување, а видеото стана вирално на социјалните мрежи.

https://x.com/BastienFachan/status/1795776713382678951

На почеток