🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Почнува пријавувањето на кандидатите за изборите во Иран: Во јуни се избира наследникот на Раиси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
iran

Во Иран денеска почнува петдневниот рок за кандидатура за предвремени претседателски избори, кои се одржуваат по смртта на Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа.

— реклама —

Кандидати за изборите закажани за 28 јуни можат да бидат лица на возраст од 40 до 75 години, а мора да имаат најмалку магистерски студии.

Сите потенцијални кандидатури мора да бидат одобрени од Советот на револуционерната гарда, 12-члено тело составено од адвокати и истакнати верски водачи надгледувани од иранскиот врховен водач Али Хамнеи.

— реклама —

Советот никогаш не прифатил жена за кандидат или некој кој повикува на радикални промени во владеењето на државата, потсетуваат политичките аналитичари.

Фаворит би можел да биде вршителот на должноста претседател на земјата, Мохамед Мокбер.

Како можни кандидати се разговара и за поранешниот тврдокорен претседател Мохамад Ахмадинеџад и поранешниот реформски претседател Мохамед Катами, но прашање е дали ќе им биде дозволено да се кандидираат.

Петдневниот рок за пријавување завршува во вторник.

Раиси е вториот ирански претседател кој починал на функцијата. Во 1981 година, тогашниот претседател Мохамед Али Раџаи беше убиен во експлозија на бомба во хаотичните денови по Исламската револуција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0nbboej0v4482bSuAFd

Иран заплени танкер и приведе 18 членови на екипажот

Свет | пред 4 дена

media-libraryu6g8spt40vd70OKN9DK

Јавно погубен маж во Иран поради силување

Свет | пред 3 седмици

media-libraryle0s9dof8i8b1YYHjH0

Иран потврди заплена на танкер во Оманскиот Залив

Свет | пред 1 месец

EU-1

ЕУ повторно воведе санкции против Иран по одлуката на ОН

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања