Македонија

Вo сабота почнува полагањето на државната матура со тестот од првиот екстерен испит

Во тек се подготовките за претстојното полагање на државната матура кое треба да се случи в сабота, на 1 јуни. Вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ) во моментов ги пакуваат веќе испечатените тестови по предметот мајчин јазик. Новина во оваа учебна година е тоа што наместо во училници, тестовите ќе се полагаат во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање.

„Ќе имаме онлајн обуки со тестаторите, ќе им појасниме како да го спроведат тестирањето во голем простор. Ќе бидат ангажирани 2.000 тестатори. Имавме состанок со претставници на Сојуот на средношколци, им појаснивме на учениците многу работи. Во некои училишта им кажале дека нема да може да користат вода, што не е точно. Никогаш не било забрането ученикот да си понесе вода, сок или некој ‘енерџи’ бар“, вели Михајловска.

Вториот (изборен) екстерен испит ќе се полага на 8 јуни. Пријавени се 1356 кандидати за математика, 13 198 за англиски јазик, 37 за француски јазик, 114 за германски јазик, 84 за естетика и по еден кандидат за руски јазик и за филозофија.

На почеток