Скопје

20-годишник прегазил малолетен велосипедист од Скопје

На 29.05.2024 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобил и малолетен сопатник од велосипедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На почеток