Скопје

(Видео) Реквизитите се пакуваат: заминува дивиот “Луна парк” од пред салата Борис Трајковски во Карпош

Диво поставениот детски парк во Карпош кај салата “Борис Трајковски” од утрово се демонтира. Реквизитите се пакуваат во камиони, дел по дел. На местото има куп работници кои работат на демонтажата. Ваквата е сликата од вчера.

Ова доаѓа два дена откако имаше обид паркот пак да проработи. Полицијата влезе и констатираше нов прекршок. Паркот нема никаква дозвола за работа ниту државна институција ги има проверено реквизитите и нивната функционалност, безбедност, издржливост.

Паркот е поставен на приватен имот.

На почеток