Скопје

(Видео) Посетителите дома, дивиот Луна парк под клуч: забавата заврши кратко по јавниот аларм

За помалку од еден час откако „Скопје1“ објави дека дивиот „Луна парк“ е отворен и работи на диво, тој беше затворен за посетители. Околу 20 часот, реквизитите беа вон функција, на раскрсницата стоеше полициско возило со уклучени ротирачки светла, а постителите заминуваа. „Скопје1“ побара одговор од МВР, дали нивните инспектори имале нова интервенција, но не добивме одговор.

Работата, па исклучувањето на паркот доаѓа откако пред шест дена, полицајци беа на терен и наложија паркот да биде затворен целосно.

„Од страна на инспекциските служби изготвени се Записници за констатирана состојба додека од страна на овластен градежен инспектор од Општина Карпош поведена е постапка за констатираните неправилности, по што ке бидат преземени конкретни мерки во насока на отстранување на истите, престанување со вршење на активноста, како и дислоцирање на реквизитите“, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Од Општина Карпош на чија локација е овој рингишпил негираат дека е издадена било какво одобрение за негово функционирање затоа што како што појаснуваат општината нема надлежност за издавање на вакви одобренија. Од општината ги повикуваат МВР, УЈП И Пазарен инспекторат да делуваат на овој случај.

„Очигледно се работи за насилник за кого законските процедури не важат, па според тоа надлежните државни институции треба најостро да го санкционираат, имајќи предвид дека ги нема потребните одобренија да ја врши оваа дејност на предметната локација“, соопштија од Општина Карпош.

На почеток