ЛДП: Изгласана доверба на претседателката и раководството
Либерално-демократската партија вечерва ја одржа првата седница на Централниот одбор по изборите.
Централниот одбор донесе одлука со која дава целосна поддршка на претседателката Моника Зајкова и раководството да ја води и застапува партијата во идните делувања и во јавноста.
Како одговорна партија, ЛДП внимателно го разгледа Извештајот за подготовките, настапот и резултатите на партијата за претседателските и за парламентарните избири 2024 година доставен од страна на Централниот изборен штаб. Централниот одбор го усвои извештајот, а биле детектирани и укажано на слабостите кои се појавиле во текот на кампањата.
ЛДП ја информира јавноста дека во парламентот ќе дејствува независно како и досега, а ќе дадат поддршка на се што значи напредок на државата на реформскиот и евроинтегративниот пат и ќе носи добробит на граѓаните.
,,Исто така, ќе бидеме и гласни критичари на сите закони и политики кои се лоши за државата и ја враќаат назад”, потенцираат од ЛДП.
ЦО го овласти Генералниот секретар да организира посета на членовите во секоја општинска организација со цел изготвување на темелна анализа за натамошното дејствување и политики на партијата.
,,За извештајот, анализата и сите одлуки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана”, потенцираат од ЛДП.