Трагедија во радовишко: Загина 20-годишно момче од гром

Од
Објавено на

20-годишно момче од село Коџалија, радовишко синоќа почина по удар од гром. Околу 20 часот во ПС Радовиш било пријавено дека во 19:30 на ливада на место викано Водовод во радовишко од гром починал Р.М. (20), а со повреди се здобил З.М. (23) двајцата од Коџалево.
Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош од Радовиш, а другото лице е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
