Заврши израелската операција во Џабалија, медиумите јавуваат дека загинале десетици Палестинци

Од
Објавено на

Израелската армија објави дека ја завршила тринеделната операција во источна Џабалија, на северот од Појасот Газа и се подготвува за нови операции во палестинската енклава, а Ал Џезира пренесува дека десетици Палестинци биле убиени за време на операцијата на ИД.
ИД соопшти дека војниците убиле стотици палестински борци, пронашле тела на седум мртви израелски затвореници и уништиле 10 километри подземни тунели, пишува Тајмс оф Израел.
Ал Џезира наведува дека во нападот на бегалскиот камп Џабалија, израелските сили убиле десетици цивили и го претвориле кампот во урнатини, а во еден од нападите било погодено и основното училиште Ал-Назла.
