Свет

Земјотрес ја погоди Јапонија: Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, уништени пет куќи

Почувствуван земјотрес во Тетово и вo Гостивар, епицентарот во Албанија

Земјотрес со јачина од 6 степени според јапонската сеизмолошка скала го погоди јапонскиот полуостров Ното, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, а по 10 минути следел уште еден земјотрес со јачина од 4,8 степени на истиот полуостров, пренесува Kyodo.

Пет куќи се урнаа во градот Вуџија, а мала промена на нивото на морето е забележана во близина на градот Сузу, иако не е издадено предупредување за цунами, соопшти агенцијата.

За разлика од Рихтеровата скала, јапонската сеизмолошка скала не ја опишува точната јачина на земјотресот, туку степенот на тресење во случај на земјотрес.

Според таа скала, земјотрес со јачина од 6 степени значи дека е речиси невозможно да се застане или да се движи освен со лазење и дека најголемиот дел од мебелот ќе се движи и повеќето предмети ќе паднат во моментот на земјотресот.

На почеток