Пронајдени ковчези кај Ајфеловата кула со натписи „Француски војници во Украина“
Полицијата уапси три лица откако беа пронајдени пет ковчези во близина на Ајфеловата кула во Париз, обложени со француски знамиња со натпис „француски војници во Украина“, пренесува AFP.
Инцидентот се истражува како можно мешање на странска сила во француските работи, соопшти полицијата.
Вчера околу 9 часот, три лица оставија пет ковчези во близина на подножјето на Ајфеловата кула, една од најпосетуваните туристички атракции во светот. Во кутиите имало гипс, изјави за АФП извор близок до случајот.
Возачот на комбето со кое ги превезувал ковчезите, кој бил уапсен во близина, на полицијата и рекол дека за тоа му платиле 40 евра. Се претпоставува дека мажот пристигнал од Бугарија претходната вечер.
Останатите двајца биле уапсени подоцна на другиот крај на градот, на автобуската станица Берси, од каде требало да одат до аеродромот за лет за Берлин. Еден од тројцата мажи бил Бугарин, друг Украинец, а третиот Германец.
Претседателот Емануел Макрон минатиот месец изјави дека прашањето за испраќање западни трупи во Украина би било легитимно доколку Русија ги пробие линиите на украинскиот фронт и Киев поднесе такво барање.
Макрон ги повтори овие тврдења неколку пати, а Кремљ ги осуди неговите изјави, нарекувајќи ги „опасни“.
Француските власти се сомневаат дека руското мешање во неколку други неодамнешни инциденти, вклучително и минатиот месец кога беа испишани црвени графити на францускиот споменик на Холокаустот.