Свет

Брачен пар од Германија удрил со автомобил во патарина во Италијa, тројца мртви

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во италијанска Тоскана кога автомобил удрил во наплатна рампа, потврдија вчера од противпожарната бригада.

Портпаролот на противпожарната служба изјави дека автомобилот со германската двојка со голема брзина се приближил до патарината на автопатот во близина на Ливорно, каде што се судрил со два други автомобили кои чекале на патарина.

Шест лица се повредени, меѓу кои две деца, јавуваат пожарникарите. Во судирот загинал и патник во еден од автомобилите кои чекале во ред. Германскиот автомобил се превртел и удрил во наплатната рампа.

Сликите од местото на настанот покажуваат автомобили свртени на нивните покриви и урната наплатна рампа. Италијанските медиуми објавија дека вработената која работела во кабината не била повредена. Се истражуваат точните околности на несреќата.

На почеток