Македонија

Врховната судијка Цветанка Периќ ја повлече кандидатурата за член на Судски Совет

Судијката од Врховниот суд, Цветанка Периќ која се кандидираше за член на Судскиот совет од редот на врховните судии, една недела пред изборот за нови членови на Судскиот совет, доставила известување  дека ја повлекува кандидатурата.

Гласачките ливчиња се веќе испечатени и таа е на нив, заедно со вториот кандидат, врховниот судија Исамедин Лимани.

Според она што го напишала во известувањето, Периќ одлучила да се повлече поради здравствени причини, иако според сознанијата на членовите на Советот таа одела на работа.

На почеток