ВМРО-ДПМНЕ: Да беше голем тендер СДС и ДУИ одамна ќе ја санираа штетата на Хирургија
,,Да беше голем тендер СДС и ДУИ одамна ќе ја санираа штетата на Хирургија, но очигледно 120.000 евра се мала сума за нив.
СДС и ДУИ штанцаа милионски тендери во здравството, се крадеше на вакцини и на терапии за рак, од десетици илјади евра до милиони.
За се што можеше да има тендер, СДС и ДУИ распишаа. Само за Хирургија немаат решение, а целиот проблем според информациите кои излегоа во медиумите се решава со 120.000 евра.
Зошто СДС и ДУИ оставија државата да тоне? Зошто Хирургија е оставена во хаос и колкава е штетата по животот и здравјето на стотици пациенти и кој за тоа ќе сноси одговорност?
СДС и ДУИ и нивните кадри во здравството ќе одговараат за хаосот на Хирургија.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.