Христовото раѓање дава смисла на човештвото и вербата за подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба, вели ВМРО-ДПМНЕ
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2024/12/KATOLICKI_BOZIK_21122019-e1577190409946.jpg)
“Христовото раѓање е празник кој дава смисла на нашето човештво и вербата за подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:
Да се насочиме кон добрите дела и хуманоста, бидејќи тие се темелите на христовата вера.
ВМРО-ДПМНЕ посакува празничните божиќни мигови, да ги исполнат вашите домови со топлина, мир и хармонија. Нека се пренесе гласот дека Христос е роден.
Да ги споменеме и сите оние кои страдаат и да им помогнеме. Да правиме добри дела и да подаваме рака на секого. Без оглед на разликите, едни со други треба да си бидеме потпора во животот. Само така ќе покажеме дека сме силни и сме фактор во општеството.
Само со труд, работа и верба во Бога, да придонесеме за подобрување на животот на сите граѓани во Македонија.
Нека е честит и вековит празникот Божиќ.
Да е вечна Македонија!
Христос се роди! Навистина се роди!
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)