Свет

(Видео) Се урна воен авион во Турција, загинаа двајца пилоти

Двајца војници загинаа денеска при пад на воен тренинг авион во централна Турција, соопшти Министерството за одбрана на земјата.

Тренинг авион СФ-260 Д со двајца пилоти полета од воздухопловната база во Кајсери, град во строгиот центар на Турција. Министерството соопшти дека се уште не е позната причината за падот.

Службите за итни случаи се испратени на местото на несреќата каде што утврдиле дека пилотите загинале, соопшти Министерството.

На почеток