Трагедијата на Калемегдан: Се обидел да се пресоблече, па паднал од ѕид висок 20 метри


В.М.(39) од Белград загинал синоќа при пад од ѕидините на тврдината Калемегдан, а според очевидци до несреќата дошло кога се обидел да се пресоблече.
Според очевидци, забележале маж кој се обидел да се облече, па најверојатно на тој начин изгубил рамнотежа.
„Видовме дека е сам. Сакаше да го облече горниот дел од облеката. Се чинеше дека ја изгуби рамнотежата. Полицијата и итната помош брзо дојдоа, но немаше помош“, велат очевидци во текот на истрагата.
За случајот е информирано Вишото јавно обвинителство во Белград.
Телото на В.М. (39) од Белград е пренесен на обдукција во Институтот за судска медицина, пишува Телеграф.
Неофицијално, на полицијата и е наредено да обезбеди видео надзор од околните камери.
