Свет

Планот на Бајден за ставање крај на војната во Газа

Планот што го објави американскиот претседател Џозеф Бајден за „траен крај на војната“ во Појасот Газа се уште не е официјално прифатен ниту од Израел ниту од милитантната група Хамас. Бајден го опиша како сеопфатен израелски предлог, по интензивните дипломатски активности и разговори со лидерите на Катар, Египет, Израел и други земји од Блискиот Исток. Сепак, десницата се заканува дека ќе ја спречи поддршката за премиерот Бенјамин Нетанјаху доколку тој го прифати предлогот, кој вклучува три фази.

Првата фаза, која ќе трае шест недели, ќе донесе целосен прекин на огнот и ќе вклучува повлекување на Израел од сите населени области во Газа. Жените, постарите и ранетите заложници во Газа ќе бидат ослободени во замена за стотици палестински затвореници во Израел, рече Бајден. Останатите американски затвореници во Газа ќе бидат ослободени во оваа фаза.

На раселените палестински цивили ќе им биде дозволено да се вратат во своите домови во сите области на Газа. Ќе има „наплив на хуманитарна помош“, со 600 камиони кои дневно влегуваат во енклавата, рече Бајден.

Во втората фаза, сите преостанати заложници во Газа, вклучително и машките војници, ќе бидат ослободени, рече Бајден, а израелската војска ќе ги повлече сите сили од Газа.

Така, привремениот прекин на огнот би станал „траен прекин на непријателствата“.

Телата на другите заложници ќе бидат вратени во третата фаза, која ќе вклучува масовен план за реконструкција на Газа поддржан од меѓународната заедница, рече Бајден. Израелските воздушни напади и копнената инвазија уништија големи делови од енклавата и срамнија цели градски блокови.

„Време е да се започне оваа нова фаза, заложниците да се вратат дома, Израел да биде безбеден, страдањата да завршат.“, рече Бајден.

Телата на другите заложници ќе бидат вратени во третата фаза, која ќе вклучува масовен план за реконструкција на Газа поддржан од меѓународната заедница, рече Бајден. Израелските воздушни напади и копнената инвазија уништија големи делови од енклавата и срамнија цели градски блокови.

Во изјавата на социјалните мрежи, Смотрич рече дека „јасно му ставил до знаење“ на Нетанјаху дека „нема да биде дел од владата што ќе се согласи со предложениот нацрт и ќе ја заврши војната без да го уништи Хамас и да ги врати сите заложници“.

Смотрич бара борбите да продолжат до „уништување на Хамас и враќање на сите заложници“, како и „создавање сосема поинаква безбедносна реалност во Газа и Либан“.

Министерот за национална безбедност Бен Гвир, пак, го опиша договорот како „непромислен“ и „победа на тероризмот“, како и безбедносна закана за Израел.

На почеток