Повторно се затресе тлото во Турција

Од
Објавено на

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во централна Турција.
Епицентарот бил на 26 километри од Антакија, а земјотресот е регистриран на длабочина од 12 километри.
Граѓаните велат дека земјотресот бил почувствуван доста силно.
„Тоа траеше околу неколку секунди, многу се тресеше“, велат тие на веб-страницата на ЕМСЦ.
Засега нема информации за материјална штета.
