Македонија

Филипче поднесе кандидатура за лидер на СДСМ: Во трката влегувам сам!

Докторот Венко Филипче ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ. Тој смета дека овој ден означува промени во партијата, а најави и поднесување на програма. Ако биде избран, кажа дека ќе работи посветено и професионално.

„…Со членовите имав чести средби, тие јасно укажаа што е тоа што сакаат да се промени во партијата. Партијата ќе работи посветено и многу попрофесионално“, рече Филипче.

Посочува и: „во оваа трка влегувам сам, сметам дека тимот треба да се направи по изборот, немам никакви преговори со никого. Слушнав за повикот да се потпишат некакви изјави, јас сметам дека не треба да има никакви ограничувања“.

Кажа и дека не треба да има поделеност, побара и фер-плеј.

„Можам да ветам само многу работа“, додаде Филипче.

На почеток