Македонија

Филипче нема да владее како Заев: ќе докажам дека ќе владеам со мојот интегритет и достинство

Со поднесување на кандидатурата за претседател на СДСМ, Венко Филипче одговори и на прашањето дали ја има поддршката на Зоран Заев, на чиј табор, неофицијално, припаѓа тој. Филипче рече: „Доколку бидам избран за претседател, ќе докажам дека ќе владеам со мојот интегритет и достоинство. Тоа што имам одлични релации со Зоран Заев пред се говори за мене. Јас имам и одлични релации и со други претходни претседатели на СДСМ“.

Одговори и на јавните прозивки дека СДСМ нема да опстои како партија по катастрофалниот пораз.

„Јас сметам дека овие изборни резултати, партијата ја клекнаа на колена. Некои го поставуваат и прашањето дали СДСМ ќе опстои. А една од главните причини поради која се кандидирам е бидејќи цврсто верувам дека не само што СДСМ ќе опстои, туку повторно ќе биде победничка партија“, рече Филипче.

На почеток