Македонија

Славјанка Петровска добила поддршка од високи функционери на СДСМ за кандидатурата за лидерка

Како што и најави, и Славјанка Петровска ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ. Таа кажа дека 24 години активна во партијата, а во програмата се осврнува на тоа што треба да се итни приоритети по големиот пораз кој го доживеаа на изборите.

„Овој пат ситуацијата е специфична, особено поради политичките околности. На ниту една држава не и треба слаба или никаква опозиција. Затоа предизвик е СДСМ да се исправи, да продолжи по идеологијата и да биде цврста и силна опозиција“ посочи Петровска.

Ако биде избрана, таа кажа дека ќе има и итен избор на ново раководство.

„Можам да кажам дека минатиот период имав разговор и консултации и барав совет, и веројатно чим ја поднесувам кандидатурата има позитивни сигнали. Не би ги злоупотребувала нивните имиња“, додаде Петровска.

На почеток