Македонија

(Видео) Македонец фатен со 21 килограм амфетамин во Бугарија

Државјанин на Македонија е приведен поради сомнение дека шверцувал поголема количина дрога преку граничниот премин Гуешево со соседна Бугарија.

На 3 јуни, околу 19 часот и 45 минути, на излезната рута, службеници од Одделението за борба против трговија со дрога при Агенцијата „Царина“ пренасочиле автомобил со странски регистарски таблички за детален царински преглед. Во моторниот простор на возилото биле пронајдени 18 пакетчиња со бела кристална материја. На теренски тест, содржината реагирала на амфетамин. Неговата вкупна тежина е 21 килограм, додаваат од обвинителството.

На почеток