Македонија

Стефан Лазаров: Обвинението против мене не држи вода

Апсолутно не држи вода обвинението против мене, тврди јутуберот Стефан Лазаров, кој е обвинет дека не го прекинал во излагањето новинарот Драган Павловиќ Латас во неговиот поткаст.

„Апсолутно не држи вода. Во ниту еден момент Латас не кажа дека таа девојка е силувана. Во ниту еден момент. Обајснува за некакво си дејствије.. што за многу луѓе се сфати како садо-мазо чин. Сите сме свезни дека постојат такви работи, како било, дали било или не било, ете се виде.. – Дали тоа е за на поткаст? Не е за поткаст, не е муабетот за во јавност, тука се сложувам. И тоа е се. Јас не сметам дека постои некакво дело. Постои одговорност која што, јас или Латас која треба да ја имаме за да не го пласираме толку експлицитно на социјални мрежи, за да не се доведе до ваква слика. Он може исто така да каже дека првото сексуално искуство му било во „фичо“ и тука да заврши сѐ.. “ вели Стефан Лазаров во „Претрес“.

Јутуберот вели дека неговото неискуството била причина што тој не изреагирал во тој момент за да го прекине новинарот.

„Не е сеедно да ја гледаш мајка ти како пребледува додека премиер на држава зборува дека ти треба да одиш во затвор. Можеби тој момент повеќе нѐ зближи како фамилија “ рече Лазаров.

Гледајте го во живо Претресот на Стефан Лазарот и поставувајте прашања на јутуб каналот на prvatv.mk:

На почеток