Сиљановска-Давкова му го додели мандатот на Мицкоски

Од
Објавено на

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, му го додели мандатот за составување на Влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Денеска истакува десетиот ден од конституирањето на Собранието. Претседателот на Собранието беше избран со 76 гласа „за“, овој резултат и преговорите кои се во тек, ми даваат за право основано да сметам дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има сериозна можност да формира Влада“, рече Сиљановска.
Од сега течат роковите за формирање Влада.
