Свет

Француски државјанин уапсен во Русија, обвинет за собирање информации за воени активности

Француски државјанин, приведен во четвртокот во Москва, обвинет дека собирал информации за воените активности на Русија, изјави денеска Јулија Иванова, шеф на прес-службата на Рускиот истражен комитет.

Рускиот истражен комитет во четвртокот објави дека во Москва е приведен француски државјанин, осомничен за собирање информации за воените активности на Руската Федерација.

Како што изјави за РИА Новости извор од органите на прогонот, станува збор за францускиот државјанин Лоран Винатје.

Винатје е советник на швајцарскиот непрофитен центар за хуманитарен дијалог, според Ројтерс. Францускиот претседател Емануел Макрон го оцени апсењето на Винатје како руски трик.

На почеток