Мицкоски не го повлекол законот за реорганизација на Владата
Од
Објавено на
Со соопштение имформираат од ВМРО-ДПМНЕ дека Мицкоски останува на тоа законот да се донесе во Собрание според собраниската процедура, ова доаѓа откако неколку портали објавија дека Мицкоски го повлекол законот.
,,Законот е повлечен за исправање на номотехничка грешка, по корегирање на истата законот беше веднаш поднесен и истиот денес ќе се најде на седница на Собранието.
Потенцираме дека не станува збор за никакво повлекување на законот, туку за негова номотехничка корекција која е во насока на подобрување на предлог законското решение.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.