Прегазен пешак во Куманово: Однесен во болница со тешки повреди
Од
Објавено на
На 06.06.2024 во 19.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, патничко возило „рено клио“ со кумановски регистарски ознаки управувано од К.Б.(83) од с.Табановце, кумановско, удрило во пешакот А.Л.(56) од с.Ново Село, кумановско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Л., констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.