Скопје

Дрога во Центар и Аеродром, приведени две лица

Претрес во скопски Чаир, пронајдена дрога, приведени две лица

На 06.06.2024 во 23.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М.(34) од Гевгелија затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.06.2024 во 17.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На почеток