Скопје

(Фото) Климите се вклучени, убедуваат од градската библиотека по сведштвата

Фото од Мухамеди на која се гледа дека климата е исклучена

Снежана Стојчевска, директорка на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ негира дека климите биле вон функција, како што сведочеше Умејр Мухамеди. Според неа, се е во функција, иако Мухамеди сподели и фотографија од клима која се гледа дека е исклучена.

„Во читалните во Библиотеката има нови инвертер клими што ги поставивме минатата година и се во функција. За време на енергетската криза се придржувавме до препораките за штедење на електрична енергија, донесени од Владата. Сега нема такви препораки, ниту пак насоки за невклучување на климите од моја страна или од страна на раководителките, што значи дека нашите читални се климатизирани. Во вашиот текст цитирате фб статус на корисник и наводен одговор од страна на Библиотеката. До нас како институција никој не се обратил со поплака, бидејќи немало простор за тоа. Од друга страна, ниту пак вашата редакција побарала потврда и одговор од ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје за став што освен невистини и навреди, има и силна тенденција за политичка конотација.

За потсетување: читалната е единствената во земјава што и понатаму работи 24/7 со солидни услови за сите студенти и корисници, што ја прави посебно атрактивна за време на испитните сесии. Симболичниот надомест за користење на услугите во читалната и понатаму е само 300 денари на годишно ниво. Во исто време, ГБСК останува едно од најатрактивни културни јадра во главниот град и пошироко, за што говорат нашите активности, бројната публика, задоволните читатели и корисници, како и неодамнешната награда Промотор на читачката култура што ни ја додели Македонската асоцијација на издавачи.
Оттука, повикувувајќи се на вашата професионалност во информирањето, ве замолуваме за сите прашања поврзани со работата на Библиотеката да ни се обратите директно нам“, велат од Градската библиотека.

„Студентите учат во ходници оти ботоксираната градоначалничка нема пари за струја, а има за патувања“, реагира Мухамеди

На почеток