Коментари

„Студентите учат во ходници оти ботоксираната градоначалничка нема пари за струја, а има за патувања“, реагира Мухамеди

На социјалните мрежи се споделува информација дека не работеле клима уредите во Градската библиотека Браќа Миладиновци.

„На 35 степени во Градската библиотека Браќа Миладиновци не се пуштат климите… Од Библиотеката се оправдуваат дека ќе немаат средства да ги исплатат фактурите. Неспособните од Град Скопје и од Левица (кои раководат со библиотеката) не се во можност барем за време на испитните сесии да ги пуштат климите а да не збориме за другите услови кои се катастрофални. Студентите се принудени да учат по ходници бидејки за ботоксираната и неморалната градоначалничка има пари секоја недела да оди на службени патувања ама немало пари за струја“, напиша правникот Умејр Мухамеди.

По ова следуваше нова објава, во која соопшти дека климите се вклучени!

„Ги пуштија климите во градската библиотека“, напиша тој по еден час од претходната објава.

На почеток